Леонид Михелсон е најбогат Русин според „Форбс“

Богатството на бизнисменот Леонид Михелсон е проценето на 14,4 милијарди долари. Минатогодишниот најбогат Русин - Владимир Потанин – годинава е на четвртото место.

Косопственикот на компаниите „Новатек“ и „Сибур“ Леонид Михелсон првпат во историјата се најде на чело на рускиот дел од годинешниот рејтинг на светски милијардери според магазинот „Форбс“.

Богатството на Михелсон се зголемило за една година за 2,7 милијарди долари и вкупно изнесува 14,4 милијарди долари. Во светскиот рејтинг на најбогати луѓе бизнисменот е на 60 место.

Втор најбогат Русин според „Форбс“ е Михаил Фридман, („Алфа-груп“) со богатство од 13,3 милијарди долари.

Трет е Алишер Усманов („Металоинвест“, „Мегафон“, „Комерсант“) со богатство од 12,5 милијарди долари.

Минатата година за најбогат Русин беше прогласен Владимир Потанин, меѓутоа годинава негото богатство се намали на 12,1 милијарди долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња