За да се спречи финансирањето на терористите од странство, мора да се затвори границата меѓу Сирија и Турција, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на седницата на Советот за човекови права на ООН.
„Посебна задача е да се спречат странските земји да ги финансираат терористите. Затоа мораме да ја затвориме границата меѓу Сирија и Турција преку која им се испорачува оружје на бандитите. Затоа се користат и конвоите за хуманитарна помош.
Додека на новинарите кои соопштуваат за тоа им се суди и се праќаат во затвор со години. Тоа е, веројатно, слобода на говорот“, рече рускиот министер, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.