Кери: Русија и САД ќе ги систематизираат воените операции во Сирија

Државниот секретар на САД изјави дека со Русија е договорен систем за спроведување воени операции против сириските терористи.

Москва и Вашингтон постигнаа договор за создавање систем на антитерористички операции и за мониторинг на режимот на прекин на огнот во Сирија.  

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека координацијата на сите учесници во примирјето ќе помогне да се открие каде се наоѓаат терористите на кои не се однесува договорот, пренесува РИА „Новости“.

Американскиот државен секретар Џон Кери ја коментираше соработката на Русија и САД околу поддршката за прекинот на огнот во Сирија. Според неговите зборови, двете страни се договориле да создадат специјален систем според кој ќе се спроведуваат воените операции во Сирија.

Како што објасни Кери, последните денови тој разговарал со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров. Како резултат на тоа е постигнат договор „да се создаде систем кој ќе гарантира дека цел на сите воени акции се терористите на  ИД или на „Фронтот ан-Нусра“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња