ЕК: Украина треба да остане транзитна земја за рускиот гас

Потпретседателот на Европската комисија за енергетската унија Марош Шефчович во текот на „Украинскиот енергетски форум“ изјави дека Украина претставува и треба да остане важна транзитна земја за испораката на гас од Русија во Европа.

Тој додаде дека „Европската комисија ќе помага во преговорите меѓу двете земји за обезбедување времени решенија за испораката на гас, и јас останувам подготвен да им ги понудам нашите услуги на двете страни за да им обезбедиме помош за прашањата за транзит по 2019 година“.

На 16 февруари „Нафтогас“ соопшти дека од 2020 година за „Гаспром“ ќе биде подобро да го транспортира гасот преку Украина отколку по „Северен тек“ затоа што тарифите ќе бидат намалени за девет пати, пишува „Взгљад“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња