Нема основа да се очекува нагло затоплување на руско-американските односи по претседателските избори во САД, изјави заменик-министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Рјабков, пренесува ТАСС.
„Не треба да ги поврзуваме во нашите односи очекувањата за радикални промени на подобро со изборите во САД. Ќе го потенцирам етаблираниот во САД двопартиски, односно споделуван од републиканците и демократите антируски консензус. Русија во овие партии, во елитите на овие партии се перципира негативно“.
Истовремено, тој укажа дека развојот на руско-американските односи на крај ќе зависи од курсот што ќе го одбере претседателот на САД и неговиот надворешнополитички тим.
Притоа Рјабков истакнува дека иницијативата за прекин на контактите не потекна од Русија. „Ние потенцираме постојано доколку постои желба и политичка волја во Вашингтон дека сме подготвени да работиме конструктивно, вклучително и на билатералната агенда“, додаде дипломатот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче