Разговорите за „план Б“ за Сирија се несоодветна и нечесна игра чија цел е да го попречат мировниот процес, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков, пренесува РИА „Новости“.
„Ја отфрламе самата помисла за „план Б“. Односно, тие кои се занимаваат со измислици од таков вид, следат, за нас, јасна цел – попречување на политичкиот процес“, потенцираше Рјабков на прес-конференцијата во МИА „Русија денес“.
„Нѐ вознемирува тоа што од првите часови откако примирјето стапи на сила, почнаа информативните напади врз тој нов режим до ниво на анонимни пуштања во оптек на информации за прекршување на режимот за прекин на огнот од страна на сириските власти и руската страна“, истакна заменик-министерот за надворешни работи на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче