Лавров: Треба да се пресече илегалниот прилив на оружје и борци во Сирија

Одлуките на групата за поддршка на Сирија, кои беа одобрени од Советот за безбедност на ООН, треба да се реализираат во целосен обем без какви-годе претходни услови, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

Претседателот на Алжир Абдел Азиз Бутефлика во целост ја поддржа политиката на формирање широк фронт за борба со тероризмот, изјави на прес-конференцијата шефот на МНР РФ Сергеј Лавров по разговорите со алжирскиот претседател, пренесува РИА „Новости“.  

„Подробно дискутиравме за проблемите на регионот на Блискиот Исток и северот на Африка. Претседателот во целост ја поддржа политиката на Русија за формирање широк фронт за борба со тероризмот во согласност со иницијативата која претседателот Путин ја истакна на Генералното собрание во септември минатата година. Поддржана е нашата активност за напредок во сириското решение во рамките на Меѓународната група за поддршка на Сирија која работи под копретседателство на РФ и САД“.

Според неговите зборови, „нашата заедничка позиција се состои во тоа што одлуките на групата за поддршка на Сирија, кои беа одобрени од Советот за безбедност на ООН треба да се исполнат во целосен обем без какви-годе претходни услови и со разбирање дека за ефикасно пресекување на дејноста на ИД и „Џебхат ан-Нусра“ и таквите како нив треба да се пресече илегалниот прилив на оружје и борци во Сирија и Ирак“, истакна Лавров. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња