Загубите на приходите во одделни сектори на бугарското земјоделство во текот на руското ембарго од август 2014 до јануари 2016 година изнесуваат околу 167 милиони долари, изјави министерката за земјоделство на Бугарија Десислава Танева.
Министерката за земјоделство на Бугарија соопшти дека приходите биле загубени не само поради намалувањето на директниот извоз, но и поради острото снижување на цените на стоките што се најдоа под руското ембарго, пишува бугарскиот весник „Фокус“.
Танева потенцира дека Бугарија е крајно заинтересирана за најскора обнова на целосните трговски односи со Русија, меѓутоа тој процес е невозможен без учество на земјите на ЕУ, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче