Австриските претприемачи се залагаат против антируските санкции

Австриската економија е против употребата на економските санкции како инструмент за реализација на политички цели, изјави претседателот на австриската стопанска комора.

Австриските претприемачи очекуваат во текот на годинава да биде променет режимот на санкции против Русија, изјави потпретседателот на стопанската комора на Австрија Рихард Шенц во понеделникот на форумот „Северен Кавказ” во Виена.

Според неговото мислење, економските санкции имаат негативно влијание не само за склучување зделки, туку и врз деловната клима во целина.

„Дозволете ми да истакнам дека австриската економија е против користењето на економски санкции како инструмент за реализација на политички цели. Претседателот на Австриската стопанска комора Кристоф Лајтл, како и јас, како потпретседател, секогаш се залагаме против санкциите и се надеваме дека годинава режимот на санкции ќе се промени“, изјави Шенц, а пренесува РИА „Новости”.

Шенц е убеден дека санкциите п правило не доведуваат до реализација на целите поради кои се воведени, а населението трпи загуби поради намалувањето на деловната активност. Па сепак, потсети Шенц, во Русија во моментов работат околу 1000 австриски претпријатија со 450 претставништва, а Австрија во руското стопанство има инвестирано околу 5 милијарди евра.

Потпретседателот на австриската стопанска комора истакна дека во текот на седницата на меѓувладината комисија на почетокот на февруари во Москва е донесена одлука 2017 година да биде година на туризмот и развојот на заемните односи меѓу Русија и Австрија. „Се надевам дека благодарение на тоа ќе бидат интензивирани односите меѓу Австрија и Северен Кавказ“, заклучи Шенц.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња