Саудиска Арабија со „план Б“ за Русија и Сирија за нарушување на примирјето

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел ал-Џубеир ги обвини руската и сириската воена авијација за прекршување на примирјето.

Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Адел ал-Џубеир ги обвини руската и сириската воена авијација за прекршување на примирјето, соопшти „Ројтерс“, а пренесува „Лента.ру“.

Ал-Џубеир изјави дека официјален Ријад го разгледал ова прашање со претставници на други земји. Според него, ако се разјасни дека претседателот на Сирија Башар Асад и неговите сојузници не се сериозни во однос на примирјето, тогаш ќе биде пуштен во работа „план Б“. Дипломат не прецизираше што подразбира тој план.

„Верувам дека почитувањето на примирјето е важен индикатор за сериозноста на постигнувањето на мировно решение за сириската криза кој ќе вклучува формирање преодна влада и предавање на власта од Башар  на советот“, изјави ал-Џубеир и додаде: „На Башар местото не му е во Сирија“.

Од своја страна, претходно во неделата Министерството за одбрана на Русија соопшти дека од моментот на стапување на сила на режимот за прекин на огнот во Сирија биле регистрирани девет прекршувања на примирјето.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња