Состојбата на делот од рудникот каде што на 25 февруари се случи експлозија во рудникот „Севернаја“ сведочи за тоа дека 26 блокирани рудари практично немаат шанси за преживување, изјави во програмата на телевизијата „ЛајфЊуз“ првиот човек на Министерството за вонредни состојби Владимир Пучков, пишува „Лента.ру“.
Меѓутоа, компанијата „Воркутаугољ“ ги негираше информациите кои претходно се појавија во медиумите дека рударите затрупани во рудникот се прогласени за загинати, официјално изјави за ТАСС раководителот на прес-службата компанијата Татјана Бушкова.
„Не е вистина. Ни истражниот оддел за Воркута, ниту судот не ја потврдуваат таа информација, таква информацијата тие не давале. Спасувачката операција продолжува“, изјави Бушкова.
Претходно на 28 февруари беше соопштено дека се прекинати спасувачките работи во рудникот по новата експлозија која ги однесе животите на шест припадници на МВС. Сите преживеани спасувачи се изнесени на површината. Во Коми е објавена тридневна жалост.
На 25 февруари на длабочина од 780 метри во рудникот „Севернаја“ се случи експлозија на метан како резултат на рушење на рудниот масив. Во тој момент во рудникот се наоѓаа 110 рудари. Четири рудари загинаа, 26 се водат како исчезнати.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче