Лавров: Државите не можат сами да се борат со тероризмот

Невозможно е да се оградите од тероризмот, со него треба да се борите заеднички, изјави шефот на руската дипломатија Сегеј Лавров.

Меѓународната заедница би требало да ги обедини напорите во борбата против тероризмот без предуслови, изјави шефот на руската дипломатија, додавајќи дека двојните стандарди, себичните амбиции и несогласувањата треба да се остават настрана.

Во интервјуто за алжирскиот весник „Експресион“ Лавров рече дека напредокот во борбата против тероризмот е можен само со заеднички напорите на меѓународната заедница координирани од страна на Обединетите нации.

„Борбата против тероризмот може да биде ефикасна само ако работиме заедно, во согласност со меѓународното право, со централна улога на ОН во координација и ставање на двојните стандарди настрана“, истакна тој.

Според неговите зборови, денес е неопходно да се остават настрана несогласувањата, амбициите и разните услови со цел да се победи ИДИЛ и другите екстремистички групи „кои ја провоцираат човековата цивилизација“, пренесува „Интерфакс“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња