Камерон ја смета „руската закана“ за причина Британија да остане во ЕУ

Британскиот премиер Дејвид Камерон ја смета „руската закана“ за една од причините поради кои Велика Британија треба да остане во составот на Европската унија.

Камерон го објави својот став во статијата објавена во весникот „Телеграф“ по повод референдумот за можен излез на Велика Британија од ЕУ што треба да се одржи на 23 јуни, а кој Камерон го нарече „авантурата на векот“.

За Русија британскиот премиер пишува по поставувањето на „прашање од поголеми размери“ – за улогата на Велика Британија во светот по референдумот.

„Се разбира, ние сме силна земја. Ние сме петтата економија во светот. Имаме одлични вооружени сили. Но размислете за она што ни се закануваше последниве неколку години: иднината на нуклеарната програма на Иран, руската агресија во Украина, зашеметувачкиот удар на миграциската криза, отровот на исламскиот екстремизам и тероризам“, пишува тој.

Според неговите зборови, европските земји за да им се спротивстават на овие закани треба да работат заедно, а по можното одделување на Велика Британија од Европската унија тие никаде нема да исчезнат. „Тоа не значи дека не можеме да соработуваме со НАТО или со Америка – но кога нашите сојузници во НААТО бараат од нас да останеме со ЕУ, за тоа постојат причини“, додава британскиот премиер, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња