Во Москва се одржа опозициски марш во сеќавање на Борис Немцов

Пред точно една година на неколку стотини метри од Кремљ беше убиен првиот потпретседател на руската влада и опозиционер Борис Немцов.

Во саботата, 27 февруари, во Русија и други земји се одржаа манифестации во знак на сеќавање на поранешниот прв потпретседател на руската влада, еден од лидерите на прозападната опозиција Борис Немцов, које беше убиен пред точно една година на неколку стотини метри од Кремљ.

Најмногубројната акција беше одржана во Москва и во неа, според податоците на полицијата, учествуваа околу 7,5 илјади луѓе. Иницијаторите на маршот, група „Бел бројач“ соопшти дека во маршот учествувале 22 илјади луѓе, а организаторите, по обичај, зборуваат за околу 100 илјади луѓе. Првата колона носеше транспарент со натпис „Убиен за слобода”, а луѓето повремено извикуваа украински пароли „Слава ѝ на Украина!” и „Хероите не умираат!” Втората колона се движеше со паролата „Долу политичката репресија“ и скандираше „Русија ќе биде слободна!”. Луѓето исто така носеа руско знаме со црн флор и партиски знамиња.

„Борис, ти си со нас. Борбата продолжува“, изјави соборецот на Немцов од партијата ПАРНАС и нејзиниот сегаше претседател Михаил Касјанов.

Маршот низ Москва помина без инциденти. МВР не соопшти дека дошло до нарушување на редот и мирот, приведе едно лице. Според информациите на новинарите, тоа бил човек со маска на претседателот на Русија Владимир Путин.

Во текот на маршот исто така биле задржани неколку провокатори кои поседувале агитациски симболи за поддршка на Алексеј Наваљни. ВО други градови на земјата имало обиди за прекин на акциите. Како што соопштуваат агенциите, во Воронеж неидентификувани лица ги гаѓале учесниците во акцијата со брашно и јајца, а во Краснојарск непознати лица го грабнале организаторот на акцијата, по што полицијата не дозволила одржување на акцијата без негово присуство. По неколку часови организаторот бил пуштен.

Маршот во сеќавање на Борис Немцов во Москва е првата масовна манифестација на опозицијата по претходниот марш на жалост што се одржа во Москва на 1 март 2015 година. Минатогодишната акција собра 70 илјади луѓе. 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња