Владата на РФ има намера да побара од Владимир Путин дозвола за користење на средства од „претседателската резерва“, која беше формирана од замрзнатите пензиски заштеди на Русија, изјави министерот за финансии Антон Силуанов, пренесува РИА „Новости“.
Во случај да добијат одобрение, овие пари ќе бидат наменети за реализација на антикризниот план.
„Вкупно на владата на РФ за антикризниот план ќе ѝ бидат потребни до 250 милијарди рубли. За финансирање на таа сума, ќе треба да се обратиме до претседателот и да добиеме согласност за трошење на дел од таа резерва – околу 130 милијарди рубли. Ќе се обратиме до претседателот со такво барање“, изјави тој.
Во буџетот за оваа година се резервирани 342,2 милијарди рубли, заштедени за сметка на продолжувањето на замрзнувањето на пензиските заштеди во 2016 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче