Објавен конкурс за руски стипендии за македонски студенти

Амбасадата на Руската Федерација распиша конкурс за прием на државjани на Република Македониjа за студии во високообразовни институции на Руската Федерациjа во 2016/2017 академска година.

Амбасадата на Руската Федерација распиша конкурс за прием на државjани на Република Македониjа за студии во високообразовни институции на Руската Федерациjа во 2016/2017 академска година. На запишаните студенти од Македонија Руската Влада ќе им обезбеди стипендија и други услови за студирање и сместување какви што се предвидени и за руските државјани.

Заинтересирани кандидати покрај пријавата (Пријавата може да се симне од сајтот http://www.russia.study/ или од сајтот на Амбасадата www.macedonia.mid.ru), треба да поднесат и соодветни документи наведени на сајтот на амбасадата на РФ во Р. Македонија.

Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложени скенирани документи непосредно на сајтот http://www.russia.study/ (потребна регистрација). Истите може да се поднесат и на хартија до Амбасадата на Руската Федерација.

Рокот на пријавување е до 20 март 2016 година.

Сите уредно пријавени кандидати ќе бидат поканети за интервју кое ќе се одржи на 21 март 2016 година.

Познавањето на руски јазик не е задолжително за пријавувањето.

Подетални информации за условите на доделување државни стипендии за студии во високообразовни установи на Руската Федерација се достапни на сајтот: http://минобрнауки.рф/ или http://rs.gov.ru/

„Руска реч на македонски“ пишуваше за стипендиите на руската влада и за причините зошто да студирате во Руската Федерација.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња