Извор: Советот Русија-НАТО може да се одржи до почетокот на летото

Извор во руската дипломатија истакна дека засега страните контактираат и дека е сѐ уште рано да се зборува за конкретни рокови.

Советот Русија-НАТО може да се одржи до почетокот на летото. Страните имаат контакти во однос на ова прашање, изјави за РИА „Новости“ извор во МНР РФ.

„Советот може да се одржи до почетокот на летот, ако се заврши соодветна работа. Засега страните контактираат“, изјави соговорникот на агенцијата.

Притоа тој истакна дека „засега е рано да се зборува за конкретни рокови, затоа што „предметната“ работа сѐ уште не почнала.“   

Прв за можноста за обнова на состанокот на советот Русија-НАТО во декември 2015 година изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Москва истакнува дека контактира „со раководството на секретаријатот на НАТО за проблематика која би можела да се дискутира“. „Кога агендата ќе биде договорена, тогаш ќе може да се зборува (за средба)“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на РФ Алексеј Мешков.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња