Путин: ФСБ запре терористи кои подготвуваа напади во Русија

Рускиот претседател исто така истакна дека треба да се обезбеди сигурна заштита на податоците во државните органи, претпријатијата во сферата на енергетиката и одбранбената индустрија, како и во научните институции.

Претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека припадниците на Федералната служба за безбедност ја спречиле дејноста на терористичките илегални групи кои подготвувале напади во Русија.

Рускиот претседател додаде дека треба да се зајакне контролата на бегалците кои преку Русија одат за Европа, пренесува „Взгљад”.

Освен тоа, Путин истакна дека треба да се обезбеди сигурна заштита на податоците во државните органи, претпријатијата во сферата на енергетиката и одбранбената индустрија, како и во научните институции.  

На 18 февруари беше соопштено дека ФСБ спречи меѓународна криминална организација која се занимавала со фалсификување на документи за руски државјани кои заминуваат да ѝ се придружат на „Исламската држава“.

А на 8 февруари беше соопштено дека во Екатеринбург се уапсени членови на ИД кои подготвувале терористички напади во Москва, Санкт Петербург и Свердловската област.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња