Песков: Информацијата за руски напади на сириската опозиција не е потврдена

Претходно сириската организација за заштита на човековите права соопшти дека руската авијација интензивно ги бомбардира позициите на бунтовниците источно од Дамаск.

Информациите за тоа дека руската авијација наводно ги бомбардира позициите на сириската опозиција источно од Дамаск не се поткрепени со никави факти, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Тој исто така ја коментираше информацијата на сириската организација за заштита на човековите права за тоа дека руската авијација ги бомбардира позициите на бунтовниците источно од Дамаск.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев на 13 февруари исто така истакна дека нема никакви докази за тоа дека руската авијација наводно бомбардира цивили во Сирија.

Министерството за одбрана на РФ секојдневно ја информира јавноста и медиуми за целите на нападите на руската авијација во Сирија, соопшти портпаролот на МНР РФ Марија Захарова на 10 февруари, пишува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња