МО РФ одговори на изјавите на САД за „руската закана“

Нивната причина е едноставна – дискусиите во Конгресот за воениот буџет за идната година, а „руската приказна“ уште од средината на минатиот век е „најпродаваната“, изјави Москва.

Изјавите на американските безбедносни претставници кои гледаат во Русија најголема опасност за националната безбедност на САД се поврзани со дискусиите во Конгресот за воениот буџет на САД, изјави портпаролот на МО РФ генерал-мајор Игор Конашенков.

 Претходно директорот на националното разузнавање на САД Џејмс Клепер ги нарече Русија и Кина како најголеми закани за земјата. Тој, на пример, истакна дека двете земји „развиваат свои кибер-системи“. Исто така, според неговите зборови, „Русија ја продолжува модернизацијата на своите вооружени сили“.

„За нас не се неочекувано громогласните изјави на американските безбедносни претставници кои гледаат во Русија главна закана за националната безбедност на САД. Таков бран се крева секоја година и во исто време. Причината е едноставна – дискусиите во Конгресот за големината на воениот буџет за идната година“, рече Конашенков.

Според неговите зборови, „тоа не треба да нѐ импресионира“.

„Важно е да се знае дека „руската закана“ уште од средината на минатиот век е „најпродаваната“ закана на Пентагон не само за американскиот конгрес, туку и за партнерите во НАТО. И што би правеле тие без нас?“, истакна портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, пренесува РИА „Новости“.



 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња