Авионите Су-35 обезбедија испорака на хуманитарна помош за Деир ез-Зор

Центарот за координација на примирјето во руската воздухопловна база „Хмејмим“ во Латакија веќе активно им помага на меѓународните организации околу испораката на хуманитарната помош, пренесува руската телевизија ТВЦ.

Руските ловечки авиони Су-35 успешно го следеа и обезбедија летот на авијацијата на Обединетите нации која испорача од воздух уште околу 20 тони хуманитарна помош за Деир ез-Зор, град кој е под контрола на исламските милитанти.

Провинцијата Дамаск е територијално најмалиот но и најнаселениот регион на државата. Како што соопштува ТВ Центар, токму овде војната оставила најдлабока трага. Фронтот ги поделил не само областите и селата, туку и улиците и соседните згради. И сега, кога примирјето е дојдено и до оваа провинција, во едни делови на градот се слушаат истрели, а во другите се вршат градежни работи.

Според податоците на сириските власти, во предградијата на Дамаск се вратиле над 60000 луѓе, а во најблиско време се очекува враќање на уште околу 100000.

Видеото од испораката на помошта можете да го погледнете овде.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња