Русија сега мора да сфати дека надворешните фактори (пред сѐ САД) се подготвени на секакви потези за да ја свртат ситуацијата во своја корист, вели Крутиков. Иако, додава тој, „Исламската држава“ ништо не може да ја спаси.
Крутиков на страниците на „Взгљад“ потсетува на операцијата „Коридор“ на Војската на Република Српска „на чистењето на источна Босна, кога во сето тоа неочекувано се вмешаа САД, присилувајќи го на истото и НАТО“. Како резултат од сето тоа настана Дејтонскиот договор, поделба на Босна и Херцеговина под услови кои не ѝ одговараат на српската страна, „претворањето на Србите во агресори“.
Воениот експерт потсетува и на тоа дека војската на Новорусија фактички ја уништуваше украинската армија двапати, но секојпат западната дипломатија успеваше да се вмеша, „борејќи се за мир“, прекин на војната и „други хуманитарни радости“. „Првиот пат Киев со забрзано темпо почна да собира нова армија и повторно тргна во офанзива, и повторно изгуби... Резултат: „Минскиот договор“ со нејасни толкувања, замрзнат конфликт, додека Киев подготвува нова, поорганизирана фаза на воени дејствија“.
Владината војска на Сирија со помош на руските ВКС успешно изведе низа операции и ги скрши џихадистичките и протурските сили. „И одеднаш, американската страна неочекувано реши да потпише договор за прекин на огнот, договор за кој, на крајот на краиштата, одговараат само Дамаск и Москва. Истовремено во таборот на проамериканските сили и во дипломатските кругови почнуваат разговори за можна поделба на Сирија според дејтонско сценарио, со елементи на вечните мински преговори. Ние веќе го поминавме тоа“, потсетува Евгениј Крутиков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче