САД се против пласман на руски обврзници

Русија ќе најде можност за пласман на еврообврзници, без оглед на тоа што властите на САД побарале од најголемите банки да не влегуваат во политички ризични зделки со руски обврзници, изјави помошникот на претседателот на Андреј Белоусов.

Помошникот на претседателот на РФ Андреј Белоусов смета дека предупредувањата на властите во САД до инвестициските банки нема силно да влијаат на можностите и вредноста на пласманот на руски еврообврзници.

Претходно весникот „Вол Стрит Џурнал“  повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, соопшти дека властите на САД побарале од најголемите американски да не влегуваат во потенцијално профитабилни, но политички ризични зделки со руски обврзници, затоа што таквата постапка може да го поткопа режимот на санкции против Русија.

Коментирајќи ја статијата во американскиот весник, Белоусов истакна: „Прочитав, слушнав, останува само да кажам дека ми е жал“.

„Не мислам“, изјави тој, одговарајќи на прашање дали тоа ќе ги усложни можностите за пласман на обврзници. „Не мислам дека тоа силно ќе влијае (од гледна точка на поскапување на позајмувањето)“, додаде тој.

„Апсолутно“, изјави Белоусов, одговарајќи на прашањето дали РФ ќе најде можности за пласман, пренесува РИА „Новости“. 

Кремљ засега нема информации во врска со пишувањата на американскиот весник, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња