Војските на Русија и САД заедно ќе ги определат на картата териториите каде дејствуваат воените групации и против нив нема да се водат воени дејствија, изјави специјалниот претставник на РФ за Блискиот Исток и Африка, заменик-министер за надворешни работи на Русија Михаил Богданов.
„До пладне на 26 февруари сите завојувани страни во Сирија треба да ни ја потврдат нам и на американските партнери приврзаност кон прекинот на огнот. Руски и американски воени претставници заедно ќе ги определат на картите териториите на кои дејствуваат таквите групации. Против нив Вооружените сили на Сирија, руските ВКС и коалицијата на САД нема да вршат борбени операции“, изјави тој, зборувајќи во четвртокот на конференцијата: „Блискиот Исток: Од насилство до безбедност“, во рамките на форумот „Валдај“, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.