ЕК: Проектот на Русија, Италија и Грција мора да ги почитува ЕУ-нормите

Претходно руски „Гаспром“, италијанската компанија „Едисон“ и грчката ДЕПА потпишаа меморандум за испорака на гас.

Европската комисија е запознаена со меморандумот што го потпишаа „Гаспром“, италијанската компанија „Едисон“ и грчката ДЕПА за испорака руски гас по дното на Црното море до ЕУ, соопшти прес-службата на Европската комисија. Претставник на прес-службата изјави дека ставот на Европската унија за ваквите проекти е непроменет: тие треба да придонесат за диверзификација на изворите на гас и маршрутите за испорака на гас во Европа, како и да ги задоволуваат нормите на Третиот пакет енергетски прописи.

„Европската комисија ги виде соопштенијата на трите компании (ДЕПА, Едисон“ и „Гаспром“) за нивната намера да изградат гасовод. Европската комисија се придржува до ставот за тоа дека проектите за поврзување на транспортните системи за гас треба да придонесат за стратегијата на ЕУ за диверзификација и за енергетска безбедност. Исто така, тие треба да ги задоволат сите законски норми на ЕУ, вклучувајќи ги и правилата на третиот пакет енергетски прописи. Тоа е неизоставен дел на Енергетската унија“, изјави претставникот на Европската комисија, пренесува РИА „Новости”.

Властите на ЕУ постепено се свртуваат кон формирање единствен пазар на енергија во ЕУ, проширување на изворите за добивање енергија и транспортните маршрути. Една од целите на ЕУ е и намалување на зависноста од рускиот гас. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња