Политиката на САД е насочена на задржување не само на Русија, туку и на Европа, смета портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
„Постапките на Вашингтон се реализација на политиката на задржување, но во овој случај задржување не само на Русија, тоа е задржување и на Европа“, рече таа во интервју за весникот „Аргументи и факти“.
Според неа, САД, на пример, се обидуваат да не дозволат зајакнување на врските меѓу Русија и ЕУ.
„Да се дозволат тесни врски меѓу Европа и Русија значи да се зајакнат двете. И токму Вашингтон ја натера ЕУ да наметнат санкции, тоа го признаа и (потпретседателот на САД Џозеф) Бајден, и (државниот секретар на САД Џон) Кери. ЕУ немаше намера да го направи тоа, но го направи под притисок. Како ја притиснаа? Какви аргументи САД употребија? Многу добро прашање за во иднина. И кога и да е, ќе дознаеме“, истакна Захарова.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче