Заемните побарувања на Русија и Украина достигнаа 100 милијарди долари

Агенцијата „Блумберг“ пишува дека за решавање на многуте тужби меѓу Москва и Киев ќе бидат потребни години и милиони долари. РУСИЈА И УКРАЈИНА

Побарувањата врз основа на заемните тужи меѓу Москва и Киев кон крајот на февруари достигнаа речиси 100 милијарди долари.

Минатата недела Русија поднесе во Лондон тужба против Украина со барање за исплата на долгот од 3 милијарди долари врз основа на еврообврзници. Тоа е, меѓутоа, ситница во однос на 63 милијарди долари, колку што се побарувањата на Украина спрема Русија поврзани со припојувањето на Крим кон Руската Федерација, а врз основа на тужбите поднесени до судовите во Стокхолм и Хаг, пишува агенцијата „Блумберг“.

Најголемиот руски извозник на гас „Гаспром” притоа очекува дека ќе добие од Киев 32 милијарди долари врз основа на неплатени долгови за гас.

Украина од друга страна побарува од „Гаспром“ 27 милијарди долари според тужбите за прениска цена на транзитот и превисоката цена на гасот во договорот од 2009 година, пренесува „Взгљад”.

„Тоа е нова фаза на судирот“, изјави аналитичар за агенцијата „Блумберг“, истакнувајќи дека преминувањето на судирот во судниците потврдува дека затегнатоста меѓу двете земји продолжува.

Аналитичарот додава дека за решавање на многуте тужби ќе бидат потребни години и милиони долари. Освен тоа, судската процедура во кој било спор не гарантира решавање на спорот, што може да доведе и до конфискација на имот во странство.   

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња