Турски министер незадоволен од договорот меѓу Русија и САД

„За жал, Русија и САД склучија премолчена спогодба за низа прашања врзани за регионот. Кога веќе сте планирале да се договорите, зошто тогаш замижувавте пред смртта на 450 илјади невини луѓе? Тоа е прашањето кое го интересира целото човештво, целата меѓународна заедница“, изјави турскиот министер Јилдирим.

Министерот за сообраќај, поморство и телекомуникации на Турција Бинали Јилдирим изрази незадоволство од договорот за прекин на огнот во Сирија што го постигнаа Москва и Вашингтон.

„За жал, Русија и САД склопија премолчен договор за низа прашања поврзани со регионот. Кога веќе сте планирале да се договорите, зошто тогаш замижувавте пред смртта на 450 илјади невини луѓе? Тоа е прашањето кое го интересира целото човештво, целата меѓународна заедница”, изјави Јилдирим во интервју за агенцијата „Анадолу“.  Тој додаде дека Турција му покажала дала на светот најдобар пример со згрижувањето на три милиони бегалци.

Министерот го критикуваше ставот на Русија која ѝ пружа поддршка на сириската кудрска Партија на демократскиот сојуз. Оваа партија Анкара ја третира како терористичка организација која соработува со Работничката партија на Курдистан, забранета во Турција.  

„Русија мисли дека Партијата на демократскиот сојуз се бори против „Исламската држава“. А таа всушност заедно со Кандил (регион на северот на Ирак под контрола на Работничката партија на Курдистан) сака да ја земе под контрола територијата до Средоземното море. Русија наскоро ќе го сфати тоа“, додаде Јилдирим, пренесува „Взгљад”.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња