„РГ” распиша конкурс за наставници по руски јазик од странство

Се повикуваат наставниците по руски јазик од која било земја освен Русија да напишат есеј од најмногу 10000 карактери на тема школувањето на наставниците по руски јазик во нивната земја.

„Росијскаја газета” го распиша 16 меѓународен конкурс за најдобар есеј на наставник по руски јазик.  50 најдобри автори ќе имаа можност да ја посетат Москва во септември оваа година.

Се повикуваат наставниците по руски јазик од која било земја освен Русија да напишат есеј од најмногу 10000 карактери на тема школувањето на наставниците по руски јазик во нивната земја. Есејот на руски јазик треба да зборува во институциите кои се занимаваат со школувањето на наставници по руски јазик, опишувајќи ја нивната методологија и нивниот статус, пренесува „Russia Beyond The Headlines”.

Есеите можат да зборуваат и за програмите за учење на далечина и за новите учебници по руски јазик.

Жирито на конкурсот ги поттикнува наставниците да го изнесат во есеите своето искуство, сопствените размислувања  и идеи.

Рокот за испраќање на текстовите е 15 април, а адресата на која треба да се испрати есејот е pushkonkurs@rg.ru.

Освен есејот, наставниците треба да испратат и податоци од својот пасош, контакт (вклучувајќи поштенски код, адреса и телефонски број) и целосниот назив на институцијата во која го предаваат рускиот јазик.

На претходните 15 конкурси учествуваа над 6000 наставници. Повеќе од 750 победници на натпреварувањето ја посетија Москва. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња