Претседателот на Русија Владимир Путин имаше телефонски разговор со сирискиот лидер Башар Асад. Тие ги разгледаа различните аспекти на кризата во Сирија во контекст на задачите за реализација на руско-американскиот план за прекин на огнот, соопшти прес-службата на Кремљ.
„Се зборуваше за различните аспекти на сириската криза во контекст на задачите за реализација на руско-американската изјава за прекин на огнот во Сирија од 27 февруари 2016 година“, се наведува во соопштението.
Асад го оцени предлогот на Русија и САД како важен чекор во насока на политичко решение и ја потврди подготвеноста на сириската влада да соработува за воспоставување на примирјето.
Путин и Асад ја истакнаа важноста на продолжувањето на бескомпромисната борба против ИД, Џебхат ан-Нусра и другите терористички организации, пренесува „Взгљад”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче