Според оценките на „Њујорк Тајмс“, Москва има пет главни задачи во Сирија: „да ги прекине обидите за промена на режимот во земјата и поттикнувањето за тоа однадвор“, „да ги расипе плановите на Вашингтон за изолација на Москва“, „да докаже дека Русија е посигурен сојузник од САД“, „ да го демонстрира новото вооружување“.
Покрај тоа, изданието ја смета за важна цел и да се намали вознемиреноста кај Русите од ситуацијата во соседна Украина, пишува „Взгљад“.
„Во одредена мера сите овие пет цели се достигнати“, резимира весникот.
Изданието потсетува дека договорот за примирје предвидува точка за прекин на воздушните напади на ВКС Русија врз вооружените опозициски групи во Сирија и го нарекува тоа „елегантен начин за излез од конфликтот“.
Освен тоа, во статијата се потенцира стремежот на раководството на Русија „да избегнува катастрофални колапси како оние што се случија во Ирак, Либија и Јемен, а да не зборуваме за „обоените“ револуции во Украина во 2004 година и во Грузија во 2003 година.
Сега на Москва ѝ претстои уште една цел – укинување на санкциите воведени од ЕУ и САД во врска со настаните во Украина, пишува весникот. Според изданието, единството во ЕУ по прашањето за целисходноста за зачувување на режимот на антируските санкции веќе е нарушено. Весникот ја споредува ЕУ со „сад премачкан со лоша глазура“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче