„Гаспром“, италијанската компанија „Едисон“ (Edison) и грчката ДЕПА (DEPA) потпишаа меморандум за испорака на гас од Русија по дното на Црното море преку трети земји во Грција и од Грција во Италија, се соопштува во соопштението за печат на руската компанија што го го пренесува „Лента.ру“.
Документот е потпишан со цел организирање на јужната маршрута за испорака на руски природен гас во Европа, се вели во соопштението. Исто така, се наведува дека за таа цел страните имаат намера да ги искористат во максимален обем работите извршени од „Едисон“ и ДЕПА во рамките на ИТГИ „Посејдон“ (ITGI Poseidon).
„Обновата на проектот ИТГИ „Посејдон“ ја зајакнува енергетската безбедност на Европа благодарение на појавата на дополнителен канал за испорака и ја зголемува улогата на Грција како голем коридор за испорака на гас од разни извори и маршрути“, се цитираат зборовите на генералниот секретар на МНР Грција за меѓународни економски односи Теодорос Кицакос.
Главниот извршен директор на „Едисон“ СпА (Edison SpA) Марк Бенајун додаде дека потенцијалниот проект за нова маршрута на испорака чија реализација ќе биде остварена со целосно почитување на законодавството на ЕУ ќе ја зголеми сигурноста на снабдувањето со гас на Италија и ќе ја зајакне нејзината улога во својство на голем гасен хаб во Јужна Европа.
Во јули 2009 година Бугарија, Грција и Италија потпишаа договор за изградба на гасоводот ИТГИ (Interconnector Turkey — Greece — Italy), кој што требаше да поминува од Турција преку Грција во Италија. „Посејдон“ е проект за изградба на поморската делница од гасоводот го која учесници на паритетни принципи се „Едисон“ и ДЕПА
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче