Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поддржа договорот постигнат меѓу Русија и САД за примирје во Сирија, но нагласи дека тоа е во интерес на сирискиот режим.
„Примирјето во Сирија во принцип е позитивно и им дава можност на нашите сириски браќа да здивнат. Но тоа му дава поддршка на режимот на Башар Асад кој сноси одговорност за половина милион убиени сограѓани. Се плашиме тој договор да не доведе до трагични последици“, ги цитира зборовите на Ердоган РИА Новости.
Како што се изрази Ердоган, примирјето ќе „намачка путер на лебот на Асад и на оние кои го поддржуваат, а надвор од игра ќе бидат вистинските домаќини на Сирија“.
„Претходно таквите обиди беа преземано за да се окупираат нови територии“, истакна тој.
Според неговите зборови, примирјето не смее да се однесува на сириската курдска Партија на демократскиот сојуз која претставува за Анкара терористичка организација и е поврзана со забранетата во Турција Работничка партија на Курдистан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче