Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова им одаде почит на убиените руски војници во Сирија и ги сподели своите сеќавања за трагичниот настан, пренесува РИА „Новости“.
„Пред три месеци, на 24 ноември 2015 година, на небото нас Сирија загинаа наши. Страшно загинаа, затоа што е страшно неправедно, напиша Марија Захарова на својата страница на „Фејсбук“.
„Јасно го паметам тој ден. Требаше да летаме за Турција. Веста пристигна додека сѐ уште бев на работа. Цел пат до Внуково-2 ги прецизирав деталите – не можев да поверувам што се случило. Се сеќавам како на аеродромот им ги раскажував на колегите последните вести. Затоа што беше невозможно да се поверува, дури ни оние кои за 30-40 години работа виделе сѐ и сешто“, раскажа таа.
Портпаролот на МНР РФ потсети дека „Турција место единствените можни во таа ситуација зборови на сочувство свикала состанок на НАТО“.
Рускиот бомбардер Су-24 беше соборен од турски ловец F-16 над Сирија во ноември 2015 година. Пилотот Олег Пешков загина, додека навигаторот Константин Мурахтин беше спасен. 22-годишниот Александар Позинич загина во текот на операцијата за спасување на екипажот на Су-24.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче