Денеска ширум цела Русија се одбележува Денот на заштитникот на Татковината. Овој празник се одбележува од 1922 година по повод денот на формирањето на Црвената Армија и до 1993 година се нарекуваше „Ден на Советската Армија и Воената морнарица“, пишува ТАСС.
Составен дел на прославата по повод одбележувањето на празникот е положувањето венец на Гробот на незнајниот јунак до ѕидините на Кремљ. Традиционално, во неа учествува во шефот на државата. Како што се очекува, во вторникот Владимир Путин ќе пристигне во Александровската градина за да им оддаде почит на војниците кои ги дале своите животи за Татковината.
Денот на заштитникот на Татковината се одбележува во сите единици на Вооружените сили на Русија, вклучително и во оние распоредени во странство.
Артилеријата во 21:00 часот по локално време ќе истрела почесен плотун во Москва, градовите-херои Петербург, Волгоград, Керч, Мурманск, Новоросијск, Севастопол, Смоленск и Тула, како и во градовите каде се сместени штабовите на воените окрузи, здружените армии и Касписката флота.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче