„Согласно руско-американскиот договор од 22 февруари за прекин на борбените дејствија во Сирија, за реализација на механизмот за контрола на почитувањето на режимот на прекин на огнот, во руската авиобаза „Хмејмим“ е формиран и почна со работа Координативен центар за помирување на спротивставените страни на територијата на Сириската Арапска Република“, соопшти Конашенков.
Според неговите зборови, основни задачи на Координативниот центар се помош во преговарачкиот процес за помирување меѓу претставниците на сириските власти и опозицијата, со исклучок на ИГИЛ, „Џебхат ан-Нусра“ и другите терористички организации признати како такви од Советот за безбедност на ООН; склучување договор за прекин на огнот, како и организирање на испораките на хуманитарна помош.
Како што истакна Конашенков, претставниците на опозициските групи во Сирија кои решиле да ги прекинат борбените дејствија и да почнат мировни преговори, можат деноноќно да се обраќаат до Координативниот центар на единствен телефонски број. На сите кои се обратиле во Координативниот центар ќе им се дава максимална помош во организирањето на контакти со претставници на сириските власти, соопштува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче