Северна Кореја поголем непријател на САД од Русија

Американците во анкета ја наведоа Северна Кореја како „главен непријател“ на САД.

Американците ја наведоа Северна Кореја како „главен непријател“ на САД. Ова се резултатите од анкетата на „Галуп Интернешенел“ , во која таков одговор дадоа 16% од испитаниците.

Русија е на второ место (15% анкетирани). Минатата година РФ беше на врвот на листата, поради тоа што 18% испитаници ја сметаа за најголема закана. Третото и четвртото место ги заземаат Иран и Кина со 14%, односно 12%.  

Земјите во кои дејствува меѓународната терористичка организација „Исламска држава“  се наведени како најголема закана од 5% испитаници, пренесува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња