Премиерот на Словачка Роберт Фицо повика на најскоро укинување на санкциите против РФ, воведени поради ситуацијата во Украина, соопштува агенцијата Блумберг.
Фицо истакна дека не може да се префрлува вината за конфликтот само врз РФ, и ги нарече антируските санкции „нонсенс“ .
„Колку побрзо бидат укинати, толку подобро“, рече Фицо.
Тој додаде дека Украина во овој момент се наоѓа под целосна заштита на Западот.
„Потребно е да се постигне договор меѓу РФ и САД, во спротивен случај никогаш нема да има стабилност во Украина“, рече Фицо, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче