Договорот за прекин на огнот во Сирија ќе беше невозможен без учеството на Русија, изјави во вторникот државниот секретар на САД Џон Кери, пренесува РИА „Новости“.
„Не сум сигурен дека без соработка со Русија ќе можевме да постигнеме договор за Сирија“, изјави тој на сослушувањето во сенатскиот комитет за надворешни работи.
Во понеделникот беше објавена заедничка изјава на САД и Русија за Сирија, според која примирјето меѓу владините сили и вооружените групи треба да настапи на 27 февруари, меѓутоа примирјето нема да важи за „Исламската држава“, „Џебхат ан-Нусра“ и другите формации признати од ООН како терористички.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче