Претседателот на САД Барак Обама го повикал премиерот на Јапонија Шинџо Абе да се воздржи од патување во Русија во мај, соопшти агенцијата Кјодо во вторникот.
Според информациите на агенцијата, телефонскиот разговор меѓу Обама и Абе се одржал на 9 февруари, меѓутоа за разговорот во кој американскиот претседател го разубедувал јапонскиот премиер да не патува во Русија, се дозна дури денеска.
„Сега не е моментот“, ги цитира агенцијата „Кјодо“ зборовите на Обама. Изворите тврдат дека Абе се покажал непоколеблив и не попуштил на наговарањето, така што дискусијата завршила без резултат.
Се претпоставува дека посетата на јапонскиот премиер ќе биде на 6 мај, а како место за неофицијалната средба со претседателот на РФ Владимир Путин се споменува Сочи, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче