Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова смета дека изјавите на НАТО за гаранции за безбедноста на Србија по смртта на дипломатите како резултат на воздушен напад во Сирија претставуваат „понижување“.
„Тоа е поврзано со тоа што Западот постепено почнува да ја вклучува Србија. Им велат: „Вие треба да бидете во НАТО, затоа што тоа е вашата безбедност. Ние ќе ве заштитиме“. Како можете да штитите земја кога при имање информации за заложници вие ги бомбардирате? Ми се чини, тоа е посебен вид понижување, наметнување „стокхолмски синдром“, кога тие ги присилуваат своите жртва да ги засакаат и јавно да признаат дека сакаат кај нив“, изјави Захарова во програмата на телевизијата „Русија 1“.
Во петокот воени авиони на САД извршија воздушни напади врз либискиот град Сабрата, при што загинаа двајца српски дипломати кои беа грабнати од исламистите во ноември минатата година, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче