Повеќе од 18300 лица се пријавиле за класата космонаути на НАСА, речиси трипати повеќе од бројот на пријави примени во 2012 година и рушејќи го рекордот од 8000 пријави во 1978 година, соопшти НАСА, а пренесува агенцијата „Спутник“.
„Воопшто не е изненадување за мене што многу Американци од различна средина сакаат лично да придонесат за обележувањето на патеката на нашето патување на Марс, изјави администраторот на НАСА Чарлс Болден, поранешен командир на спејс шатл.
По пријавувањето во Вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон кандидатите за космонаути ќе поминат двогодишна почетна обука за системите во вселенските летата, во вештини за излегување во вселената и тимска работа, учење руски јазик и други потребни вештини, додаде тој.
Првенство имаат професионалните пилоти, инженери, научници и лекари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче