Ренци: Постојат сите услови за надминување на санкциите меѓу ЕУ и Русија

Премиерот на Италија Матео Ренци ќе биде на чело на делегацијата италијански претприемачи на Петербуршкиот меѓународен економски форум.

Постојат сите услови за надминување на санкцискиот режим меѓу Европската унија и Русија, изјави премиерот на Италија Матео Ренци, пренесува „Взгљад“.

Тој исто така соопшти дека ќе учествува на економскиот форум во Санкт Петербург што ќе се одржи од 16 до 18 јуни оваа година.

„На 18 јуни ќе бидам во Санкт Петербург на покана од претседателот Путин“, изјави тој, а пренесува ТАСС.

Како што беше претходно објавено, Ренци ќе биде на чело на делегацијата италијански претприемачи на Петербуршкиот меѓународен економски форум.   

„Моето видување на меѓународната политика се состои во тоа што е апсурдно да не се вклучат сите страни и земи во решавањето на проблемите пред лицето на такви закани како што е „Исламската држава“. Во март 2015 години со Путин во Москва разговаравме токму за терористичката закана, особено во Медитеранскиот регион. Улогата на Русија во ова прашање е крајно важна“, исто така изјави Ренци. 


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња