Русија и САД потпишаа нацрт-договор според кој режимот за прекин на огнот во Сирија стапува на сила на 27 февруари, пренесува агенцијата „Ројтерс“ повикувајќи се на западни дипломатски извори.
Соговорниците на агенцијата потврдија дека од документот се исклучени групите „Исламска држава“ и „Џебхат ан-Нусра“.
Телевизијата „Ал Џезеира“ соопштува дека државниот секретар на САД Џон Кери треба во најскоро време да го објави договорот. Спротивставените страни во Сирија треба да го потпишат документот до петок, 26 февруари, попладне, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче