Иран преговара со властите на РФ за продажба на ракетни системи С-300 од следна генерација, пренесува агенцијата ИРНА.
Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу во неделата пристигна во Техеран каде ќе се сретне со иранскиот претседател Хасан Рухани и иранскиот министер за одбрана Хосеином Дехган.
„Иран преговара со властите на РФ за свои воени потреби, вклучително за новата генерација ракетни системи С-300“, ја коментираше посетата портпаролот на иранското МНР Хосеин Џабери-Ансари.
Русија и Иран во 2007 година склучија договор за испорака на С-300 во вредност од околу 900 милиони долари, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.