Еклстон: Путин треба да управува со Европа

Рускиот претседател ќе ги реши проблеми кои денеска постојат во Сирија, смета претседателот на „Формула 1“ Берни Еклстон.

Претседателот на Formula One Management и Formula 1 Administration Берни Еклстон во интервју за „Дејли Меил“  изјави дека му се восхитува на рускиот лидер Владимир Путин.

Новинарот кој разговараше со Еклстон забележа дека во неговиот кабинет се наоѓа фотографија на кој е тој со претседателот на Русија Владимир Путин. На  прашањето дали му се восхитува на рускиот лидер, тој одговори потврдно.

„Без сомнение. Тој е човекот кој треба да управува со Европа. И тој ќе ги реши проблемите кои денеска постојат во Сирија. Тој го прави она што го смета за неопходно и правилно и го застапува својот став. Тоа е добро. Тешко е да ги разубедиш“, изјави претседателот на „Формула 1”, пренесува телевизијата „Ѕвезда”.

Во 2014 година во Сочи првпат беше одржана трка за Големата награда на Русија во „Формула 1”. Трката ја посетија 65 илјади луѓе. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња