Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу во понеделникот призна на прес-конференција дека туристичкиот сектор има проблеми, соопштува „Ројтерс“.
Тој зборуваше за плановите за поддршка на туристичката гранка која претрпе голема штета од влошувањето на односите меѓу Турција и Русија. Исто така, своја улога одигра и внатрешната нестабилноста во земјата. Давутоглу вети дека ќе додели грант во износ од 87 милиони долари и да преземе мерки кои ќе им помогнат на туристичките фирми да го реструкутираат долгот.
Давутоглу исто таа изјави дека руските туристи нема да престанат да доаѓаат во земјата и дека нивниот број нема да се намали, без оглед на напрегнатите односи меѓу земјите.
Русија беше втора земја по бројот на туристи во одморалиштата во Турција. Во февруари Управата за култура и туризам на Анталија соопшти дека, во споредба со јануари 2015 година, бројот на руски туристи кои го посетиле турското одморалиште во јануари се намалил за 5,3 пати, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче