Русија со најмногу медали на Младинските зимски олимписки игри

Во Норвешка се одржаа зимските Олимписки игри. Репрезентацијата на Русија освои најмногу медали – 7 златни, 8 сребрени и 9 бронзени.

Мотото на вторите зимски младински Олимписки игри гласеше: „Излези од границите. Создавај ја иднината“. Репрезентацијата на Русија освои најмногу медали во Норвешка, што треба да ѝ обезбеди светла иднина, пренесува РИА „Новости“.  

Младинската Олимпијада се одржа од 11-21 февруари во пет норвешки градови: Лилехамер Осло, Хамар, Јевик и Ејeр. Во неа учествуваа 1100 спортисти од 71 земја, кои се бореа за 70 медали во 15 видови спорт.

Првото место по освоени медали го зазеде репрезентацијата на САД со 10 златни и 6 сребрени медали.

Русија го зазеде третото место, а победи по бројот на вкупно освоени медали (24 – 7 златни, 8 сребрени и 9 бронзени).


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња