Санкциите на Европската унија против Русија можат да бидат укинати во иднина доколку има видлив напредок во реализацијата на „Минската спогодба“, изјави шефот на француската дипломатија Жан-Марк Ејро, пренесува ТАСС.
Ејро смета дека воведувањето на санкциите против Русија било „апсолутно неопходно во услови на остра криза околу Крим и Украина пролетта 2014 година“. „Овие санкции против Русија успеаја да бидат плодотворни со тоа што ја променија ситуацијата на двете страни: „Минската спогодба“; „Нормандискиот формат“ на иницијатива на Франсоа Оланд“ изјави тој.
Францускиот министер исто така ја поврза перспективата на укинувањето на санкциите со реализацијата на „Минската спогодба“.
„Ако се поместат работите, можеме да ги укинеме санкциите, но под услов напредокот да има конкретен карактер“.
Коментирајќи ја изјавата на министерот за економија на Франција Емануел Макрон кој на крајот на јануари ја посети Москва и допушти можност за укинување на антируските санкции веќе летово, Ејро не сакаше да наведе некакви можни рокови. „Ако има напредок. Но само под услов да има конкретни резултати“, истакна шефот на француската дипломатија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче