Државниот секретар на САД Џон Кери изјави дека тој и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров дискутирале за прашањето за прекин на борбените дејствија во Сирија, истакнувајќи дека страните постигнале првичен договор, соопшти во неделата „Ројтерс“.
„Во принцип постигнавме првичен договор за основните услови за прекин на огнот во Сирија кој може да почне да важи следниве денови“; изјави Кери, говорејќи на прес-конференцијата во главниот град на Јордан. Истовремено тој додаде дека постојат уште нерешени прашања.
Тој исто така изрази надеж дека претседателите на САД и Русија во најскоро време ќе одржат преговори за да биде постигнат целосен договор.
Руското МНР потврди дека имало телефонски разговор.
Шефовите на дипломатиите во својство на копретседатели на Меѓународната група за поддршка на Сирија и во склад со нејзините одлуки од 12 февруари продолжија да ги усогласуваат модалитетите и условите за прекин на борбените дејствија во Сирија со исклучок на организациите прогласени за терористички од страна на Советот за безбедност на ООН“, се истакнува во соопштението на МНР РФ.
Претходно претседателот на Сирија Башар Асад во интервју за „Ла Паис“ изјави дека е подготвен на примирје, меѓутоа под услов да не биде искористено од борците на терористичките организации.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче